Министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи испрати барање до Министерството за транспорт и врски за дополнителни авиолинии на релација Тревизо – Охрид откако
престојуваше во Италија и имаше средби со претставници на здруженијата на нашинците во регионот на Венето.
Нашите активни здруженија во регионот Венето изразија потреба од авиолинија Тревизо – Охрид, бидејќи во овој регион живеат и работат околу 25 000 граѓани од Република Северна Македонија, од кои половината се од југозападниот регион – Дебар, Центар Жупа, Кичево, Охрид, Струга, Маврово-Ростуше, објави Чупи на Фејсбук.
Додава дека со реализација на барањето, ќе се „ублажат тешкотиите на нашите граѓани”
nezavisen.mk