ЕУ: Дигиталните сертификати за Ковид-19 остануваат на сила уште една година

Правилата на Европската унија за дигиталните сертификати за коронавирусот ќе останат во сила уште една година поради се уште актуелната пандемија на болеста.

Претставниците на Европскиот парламент и на владите на земјите-членки синоќа се согласија да ги продолжат правилата до 30 јули 2023 година, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ, додавајќи дека прописите би можеле да бидат укинати и порано доколку ситуацијата го дозволи тоа.

Сертификатите беа воведени како мерка за олеснување на движењето на луѓето за време на пандемија. Користејќи QR-код сертификатите даваат информации за тоа дали некое лице било вакцинирано против Ковид-19, имало негативен тест или ја прележало болеста.

telma.mk