Министерот за правда Никола Тупанчески на денешната прес конференција информираше за координираната акција во текот на вчерашниот ден која беше спроведена во КПД Идризово, а во која при претересот во затворските простории беа пронајдени мобилни телефони, ладно оружје, психотропни супстанции и недозволени материи. По комплетирање на документите доколку се утврди одговорност ќе се бараат оставки на сите чинители.
„Никој нема да биде поштеден од одговорност.Би требало да има градација на одговорност затоа што тука не се работи за дисциплинска одговорност. Постапката за именување и разрешување на директор на КПУ е утврдена со закон. Таму е јасно наведено дека доколку некој не ги исполнува условите тогаш не може да зборуваме за професионализација на затворскиот менаџмент”, рече Тупанчески.
Министерот Тупанчески информираше и за неодамнешната посета на Комитетот за борба против тортура и нечовечко понижување и постапување во затворите во чии извештаи имаше сериозни забелешки за дел од затворскиот менаџмент кој според нив не ги исполнуваат условите за извршување на функцијата.Пораката беше пренесена и до Министерството за правда , заедно со другите институции да се отпочне со отстранување на недостатоците.
„Ова е почеток на она што може да претставува афирмација и соодветна реакција за девијантните појави. Ова е шанса да се отпочне со подобрување на состојбите во затворите”, порача Тупанчески. Министерот Тупанчески информираше дека претерсот во КПД Идризово не бил селектиран.Координирани акции во казнено поправните установи ќе има и во наредниот период а секое именувано лице ќе сноси одговорност доколку стори кривично дело за злоупотреба на службената положба.
извор: Влада
фото: Влада