Поради дојава за бомба евакуирана зградата на МНР во Србија

Седиштето на Министерството за надворешни работи во Белград денеска било евакуирано поради дојава за подметната бомба.

Според српските медиуми, дојавата за бомба пристигнала по одржаната средба меѓу министерот за надворешни работи на Турција – Мевлут Чавушоглу и неговиот српски колега – Никола Селаковиќ.

По заминувањето на делегацијата, зградата била евакуирана.

макфакс