Средба на претседателот Пендаровски со надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите на Светиот Престол (Ватикан)

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими надбискупот Пол Ричард Галагер, ватиканскиот секретар за односи со државите.

На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Северна Македонија и Светиот Престол, кои ги поврзуваат длабоки историски врски и меѓусебно разбирање, и беше изразено задоволство од зголемената динамика на средби и посети на високо ниво.

На средбата се разговараше и за тековните иницијативи во насока на унапредување на меѓусебната соработка.

Претседателот Пендаровски истакна дека католичката заедница во Северна Македонија, иако мала по бројност, е високо почитувана и е важен дел од македонското мултикултурно и мултиконфесионално општество.

извор: Кабинет на Претседател

фото:Кабинет на Претседател