На 21 јуни Сонцето ќе ја има најмоќната енергија

 

Летната краткоденица (Сонцестој или солстициј) е еден од најважните денови во годината кога на календарот започнува летото, а на тој ден Сонцето ја има најмоќната енергија!

За неколку дена, поточно на 21 јуни, ќе се случи важен астрономски и астролошки настан. Летната краткоденица е денот кога започнува летото на северната хемисфера. Тој ден е најдолгиот ден во целата година, а Сонцето ја има најмоќната енергија. Во астролошка смисла, овој ден е исклучително поволен, бидејќи енергијата на Сонцето на својот врв, зрачи само со креативната светлина што нашите тела ја апсорбираат и акумулираат.

На тој ден, 21 јуни, ќе биде совршено време да се откажете од лошите навики, бидејќи ќе стекнете моќна енергија која ќе ви даде сила за нови почетоци. За да го направите тоа, потребно е да бидете искрени со себе, да се ослободите од негативните мисли, старите заблуди, да ја прифатите промената како единствен начин да се движите напред.

ТВ21