Во Франција денеска втор круг од парламентарните избори

Кампањата заврши на полноќ во петокот со речиси борбен тон меѓу групацијата Заедно на претседателот Емануел Макрон и левичарскиот сојуз на Жан-Лук Меланшон, кои се рамо до рамо по првиот круг на 12 јуни.

Вториот круг одлучува дали два месеци по неговиот реизбор за втор петгодишен мандат, на 24 април, Макрон по изборите ќе има апсолутно или просто мнозинство во Националниот парламент.

Без мнозинство, партијата на претседателот Макрон би можела да зависи од гласовите на левичарскиот сојуз, а тој и Франција би можеле да се соочат со политичка парализа. Од тоа зависат плановите на Макрон за длабоки реформи во Франција.

Нупес, новиот левичарски сојуз создаден од социјалистите, комунистите, зелените и левичарските протестни партии, ја потресе политичката сцена. Лидерот Жан-Лук Меланшон успеа да ги инспирира и мобилизира особено младите гласачи.

 

независен.мк