(ФОТО) По вчерашниот протест, Мицкоски утрово се искачи на врвот на Галичица

Откако вчера се одржа протестот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за промени, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски денеска планинареше на Галичица.

Тој на социјалните мрежи објави фотографии од врвот Магаро на 2.255 метри надморска височина.

-Нашата Македонија која бара промени, народот кој ја делегитимираше Владата, и Македонија која е на нозе! Одиме до крај затоа што е премногу! Промени, напиша Мицкоски.

извор: ФБ Христијан Мицкоски

фото: ФБ Христијан Мицкоски