Во Турција лекари од стомакот на пациент извадиле 233 предмети

0
349

Лекари од турската област Ван во текот на оперативен зафат од стомакот на 35-годишен пациент извадија 233 предмети, меѓу кои има монети, батерии, магнети, шајки, парчиња стакло, камења и завртки, пишува Агенцијата Анадолија.

З.Д, кој живее во местото Ипекјолу и има психички проблеми, од страна на семејството е пренесен во клиничкиот центар при Универзитетот „Јузунџу јил“ во Ван.

Во текот на ултразвучниот преглед дијагностицирано е дека во стомакот на пациентот се наоѓаат бројни туѓи предмети.

На лицето му е изведен оперативен зафат, а од неговиот стомак се извадени 233 предмети, меѓу кои има 83 монети од по 1 лира, батерии, магнети, шајки, парчиња стакло, камења и завртки.

Операцијата траела 2 часа, а пациентот ќе биде задржан во болница неколку дена.

Текстот во целост на: Агенцијата Анадолија.

фото: Агенцијата Анадолија.