Парламентарни избори во Франција – Макрон го губи апсолутното мнозинство

Првите проекции на излезните анкети покажуваат дека актуелниот француски претседател Емануел Макрон е на прагот да го загуби апсолутното мнозинство во Националното собрание по вториот круг од парламентарните избори.

Резултатите од излезните анкети покажуваат дека коалицијата на Макрон „Заедно“ ќе освои најмногу пратенички места, но недоволно за апсолутно мнозинство. По него следи сојузот на централно-левичарските партии на чело со Жан-Лук Меланшон.

Проекциите на агенциите „Ифоп“, „Опинионвеј“, „Елабе“ и „Ипсос“ покажуваат дека „Заедно“ освоиле меѓу 200 и 260 места, а сојузот на Меланшон меѓу 149 и 200 места.

 

Радио Слободна Европа