(ВИДЕО) Поради високите температури големи пожари беснеат во Шпанија

Спасувачките служби и денеска продолжуваат да се борат со повеќе пожари низ Шпанија, додека топлотниот бран кој пристигна порано од вообичаено, почнува да стивнува.

Најголемиот шумски пожар досега уништил повеќе од 25.000 хектари во планинскиот венец Сиера де ла Кулебра во регионот Кастилја и Леон, соопштија регионалните власти.

Поради пожарот што избувнал во средата, морало да се евакуираат 14 села или стотици луѓе. Им било дозволено да се вратат денеска поради поповолната ситуација, соопштија локалните власти. Неколку патишта се повторно отворени, како и железничката линија меѓу Мадрид и Галиција, која беше привремено затворена.

Во Германија, пожарот што гори во шумска област југозападно од Берлин се проширил на југ, но пожарот станува сѐ послаб, изјави портпаролот на противпожарната бригада.

канал5