Неделковски: Фејсбук инфлуенсерот од Будимпешта со сите сили се обидува да ја контролира ВМРО ДПМНЕ, сака да е лидер од сенка, дисижн мејкер за се

0
293

Фејсбук инфлуенсерот од Будимпешта со сите сили се обидува да ја контролира ВМРО ДПМНЕ. Сака да е лидер од сенка, дисижн мејкер за се.
Неговата слобода е условена од странскиот фактор што му овозможи непречен пат до Пешта. Тој странски фактор инсистира ВМРО да биде нестабилна, неконкурентна и непобедничка партија, пишува на својот ФБ профил новинарот Миленко Неделковски.

Во објавата Неделковски додава:

Распадот на ВМРО ДПМНЕ беше договорен уште со тајните преговори во Пржино. Нино Смрт како мегафон на Будимпештанската побегуља ги договори сите детали за неговиот шеф да добие Сејф Хевн во Маџарска. Беше предаден списокот/системот на про-вмро гласови што го имаше партијата, беше преземена обврската за самодевластирање во корист на странскиот папет Заев.
Партијата беше фрлена на буниште со долгови, блокирана сметка, заробен имот и изгубена вера.
Секако и со про-Грујо импланти во неа. И со дамаклов меч дека ќе биде прогласена за терористичка организација и забранета ко партија.
И, после судни маки на какво-такво враќање на организационен, финансиски и политички план, ВНРО ДПМНЕ успева да направи историска победа на локалните избори лани, освојувајки ги безмалку сите општини.
Таа и таква победа ги изненади дури и најоптимистите во партијата, но и негативно го изненади Фејсбук инфлуенсерот од Будимпешта чија слобода зависи од тоа ВМРО ДПМНЕ да биде надвор од власта.
И затоа, еден по еден ги активира своите импланти Родина, Тони Косица, Стефан Нокте, Палчо тепачот на сопствената ќерка, Стефчо Подржи Коњ, нет медиуми…
За нивна, и пред се НЕГОВА жал, НАРОДОТ во саботата ја покажа својата верба и определеност кон ВМРО. Покажа дека никакви громови, родини, трети и слични пичици не го интересираат, ами само им е важна Македонија и единствената организација што може да ја брани таа Македонија – ВМРО.
На Фејсбук, низ подкасти, на Телеграм каналов се појавија/пријавија дузина разочарани љубавници кои по своја вина останаа отфрлени од мнозинскиот патриотско/национален фундамент на државава.
Откако тие љубавници и нивниот ментор од Балатон разбраа дека не играат кај народот, своите фрустрации и разочараност ги преточија во фрлање клетви и инаетење со небулозни МиланТарот прогнози.

извор: ФБ Миленко Неделковски

фото: Архива