Опасна медуза се појави во Јадранско море

0
199

Во Јадранското Море се појави нов вид медуза, велат од Центарот за истражување на морето во Ровињ. На северот на јадранот се појавила таканаречена компас медуза која е оквалификувана како Chrysaora hysoscella.

Од Центарот наведуваат дека овој вид медуза живее во Атлантскиот океан и Медитеранското море, а се карактеризира со жолто-кафеав меур кој потсетува на компас.

Оваа медуза може да порасне до 30 сантиметри во пречник, а пипалките и се долги и до 1 метар.

фото: unsplash.com