(ВИДЕО) Австралиецот Скали го собори Гинисовиот рекорд во правење склекови за еден час

Австралиецот Даниел Скали се запиша во Гинисовата книга на рекордите откога за еден час направил 3.182 склека.

„Многу сум благодарен што мојата пријава е одобрена“, рече Скали откога судиите ја прегледале снимката од неговиот потфат.

За Скали, ова не е прв светски рекорд, во 2021 година доби признание за најдолг планк (стоење на лакти) од 9 часа и 30 минути.

 

24info.com