Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија.
– Разговарав утрово со премиерот Димитар Ковачевски и се надевам, но не сум сигурен, рече Вучиќ во изјава за новинарите во Брисел пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Валкан.
Прашан дали за него е прифатлива билатертилација на процесот на пристапување во ЕУ како што бара Бугарија, Вучиќ одговори дека истото му е направено и на Белград со Приштина со поглавјето 35.
– Не можам да кажам дека господинот Ковачевски е среќен, ќе видиме што ќе се случи додаде Вучиќ.
За односот на Белград кон Скопје, Вучиќ рече дека Северна Македонија за Србија е братска и пријателска земја.
фото: Архива