Срамно е што една земја членка на НАТО – Бугарија, киднапира две други земји членки на НАТО – Албанија и Македонија во време на жестока војна во дворот на Европа, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Самитот ЕУ – Западен Балкан.
Тој истакна дека Албанија не се чувствува како жртва на овој процес, бидејќи како што нагласи, секогаш ќе има по некоја Бугарија „овде или онде“ што може да блокира.
– Во исто време ние не го менуваме нашиот курс. Она што треба да го правиме е да продолжиме да ја градиме Европа дома, изјави Рама, додавајќи дека можеби ова е нов ден за Европа, но не и за Бугарија.
Тој нагласи дека во сегашната ситуација иницијативата „Отворен Балкан“ е вистинското решение за регионалната соработка и дека таа останува отворен за сите што сакаат да се приклучат кон неа.
фото: Архива