Штрајкот на ССМ ставен во мирување во регионите погодени од невремето

На итна седница на штрајкувачкиот одбор – Претседстелството на ССМ по електронски пат за потреба од ставање на генералниот штрајк во мирување во регионите погодени од невремето во Општините Делчево, Виница и Демир Капија заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од невремето есногласно изгласа дека генералниот штрајк ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони.

По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100% од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето. Нашите колеги синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените – велат од ССМ.

извор: ССМ
фото: Архива