Германија планира да вработи работници од странство за решавање на проблемите на аеродромите

0
419

Германија планира да донесе работници од странство со цел да го реши проблемот со недостигот на персонал на аеродромите, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Германскиот министер за труд, Хубертус Хајл, за весникот „Билд ам зонтаг“ изјави дека Владата планира да дозволи итно потребниот персонал да биде привремено донесен во Германија од странство.

Истакнувајќи дека сакаат да спречат каква било експлоатација и ниски плати за странските вработени, Хајл изјави дека работодавачите треба да ги исплатуваат платите и да обезбедат соодветно сместување според колективниот договор.

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, исто така, изјави дека сакаат да дозволат помошни работници од странство да бидат распоредени на ракување со багаж.

Според одредени проценки, на аеродромите во Германија недостасуваат две до три илјади вработени.

 

anadolija.tr