МАНДРА фестивал во Дојран – “Еден фестивал за сите генерации“

Под мотото “Еден фестивал за сите генерации“ овогодинешната програма буквално ќе ги задоволи вкусовите и потребите на сите генерации.
– Водени од визијата ,,Дојран – Фестивалски град, ова е втора година како го поддржуваме фестивалот МАНДРА со цел да обезбедиме дополнителна програма за жителите и туристите на Дојран во текот на летната сезона. Дојран е мал, убав и исконски град кој има сериозен туристички потенцијал, овозможувајќи им различни фестивали на туристите правиме конкурента понуда на останатите туристички капацитети во земјава- изјави градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов.

Програмата е креирана да ги задоволи потребите и вкусовите на сите генерации па затоа оваа година на фестивалот ќе настапат:
Ацо Пејовиќ, Јоце Панов, Наташа Беквалац, Таско, Црвена Јабука, ТХЦХ, Тони Зен, Ивона ЈО, Реља Поповиќ, и Владо Јаневски, а водител на настанот ќе биде маестралниот Мирослав Кацаров.
Фестивалот минатата година ги исполни туристичките капацитети на Дојран и привлече над 5.000 посетители од разни краишта на земјава. Специфичната програма ги обединува на едно место тинејџерите и постарите генерации учејќи едни за други и нивната музичка култура.
– Ова е еден од најголемите фестивали во земјава, преку програмата се обидовме да го донесеме нај актуелното од Балканот и ветуваме одлични 4 фестивалски вечери во позитивна и весела атмосфера, изјавија од организацијата на настанот..

Билетите се достапни преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Југотон, Розе Веро2 и сендвичара Џина – Дојран.

извор: МАНДРА Фестивал
фото: МАНДРА Фестивал