Декларацијата на Самитот на НАТО: Лидерите на НАТО одлучија да ги поканат Шведска и Финска да се приклучат во Алијансата

Лидерите на земјите од НАТО одлучија да ги поканат Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата и се согласија да ги потпишат пристапните протоколи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Објавена е Декларацијата на Самитот на НАТО што се одржа во Мадрид, главниот град на Шпанија.

Во Декларацијата во која се потврдува посветеноста на НАТО на својата политика на отворени врати, се нагласува:

„Денеска решивме да ги поканиме Финска и Шведска да станат членки на НАТО и се согласивме да ги потпишеме протоколите за пристап. Од витално значење е да се исполнат легитимните безбедносни грижи на сојузниците при секое пристапување во Алијансата. Го поздравуваме трилатералниот Меморандум меѓу Турција, Финска и Шведска. Пристапувањето на Финска и Шведска ќе ги направи овие земји побезбедни, НАТО посилно и евроатлантскиот регион побезбеден.“

Во Декларацијата, лидерите најостро го осудија рускиот напад врз Украина, давајќи порака за единство и солидарност.

 

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).