Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се одржи 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот. Претседателот на Собранието Џафери на седницата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација.
Пратениците од опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и пред поднесувањето на интерпелацијата рекоа дека не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од оваа функција, но оти сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа.
МИА