Нагло растење на бројот на инфицирани од коронавирус на грчките острови

0
404

На грчките острови Миконос и Милос позитивни на коронавирусот се над 50 отсто од направените тестови.

 

Стапката на позитивност на грчките острови Миконос и Милос во изминатата седмица надмина 50 отсто, а во цела Грција е над 12 проценти, јави дописничката на МИА од Атина. Зад нив е и Санторини, а потоа следат  островите Итаки, Парос, Карпатос, Крф, Кос и источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина со над 20 отсто. Деновиве Грција имаше и над 20.000 заразени дневно.

 

МИА