Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог.
Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна.
Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство, напиша на својот ФБ профил поранешниот Претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Иванов во објавата додава:
Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара.
Непокорот е единствениот излез.
Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас.
Да живее Република Македонија!
извор: ФБ Ѓорге Иванов