За влез и излез на Табановце и Богородица се чека 30 минути

0
253

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија на ГП Табановце за влез се чека околу 20-30 минути. На ГП Богородица за излез околу 15-30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ