(ФОТО) Протест пред Владата против францускиот предлог

Втор ден протест пред зградата на владата. Граѓаните го искажуваат својот револт против францускиот предлог за преговарачката рамка за ЕУ.

Стоп за бугаризација, Бугарски фашизам- Европска вредност, се дел од пораките на граѓаните од кои дел имаат и навредливи пораки за претставници на естаблишментот кои што се изразија позитивно за францускиот предлог.

Протестот се одржува без официјален организатор.

фото: NEWS1.MK