Глобалните цени на нафтата би можеле да достигнат „стратосферски“ 380 долари за барел доколку американските и европските казни ја поттикнат Русија да нанесе одмазднички намалувања на сировото производство, предупредија аналитичарите на JPMorgan, објави bloombergbusiness.
Земјите од Г-7 подготвуваат комплициран механизам за ограничување на цената на руската нафта во обид да ги затегнат завртките на воената машина на Владимир Путин во Украина.
Но, со оглед на силната фискална позиција на Москва, нацијата може да си дозволи да го намали дневното производство на сурова нафта за 5 милиони барели без прекумерна штета на економијата, велат аналитичарите на JPMorgan – потег што ќе ја зголеми цената на суровата нафта.
извор: Instagram bloombergbusiness
фото: Instagram bloombergbusiness