Брнз: САД се со Северна Македонија кон посигурна евроинтегрирана иднина

0
378

„Како што Северна Македонија, како што вие, ќе продолжите да се искачувате по ридот кон посигурна евроинтегрирана иднина, ќе мора да се соочите и со тешки предизвици. Дилемите што тие ги создаваат се единствени за вашата држава и вашето патување, но во соочувањето со нив не сте сами. САД се со вас на тоа искачувње“, порача синоќа американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз на свеченоста во Американската амбасада по повод 246-годишнината од независноста на САД. Во присуство на претставници на државниот врв, политичките партии, граѓанскиот сектор и медиумите Брнз порача дека како што двете држави ќе се соочуваат со нови предизвици, така ќе се справуваат со нив заедно, како сојузници, партнери и пријатели.

 

Радио Слободна Европа