Денеска (7 јули) во 9 часот во СВР Тетово пријавено е дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С.од село Врбен, гостиварско, при што Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде веднаш бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Набргу,тој им подлегнал на повредите.
Јавен обвинител и екипа Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на настанот, а телото, по извршениот медицински преглед, било предадено на семејството.
sitel.mk