Тасески: Од Македонец Бугар не бива!

Демонстрантите денеска на шестиот ден од протестите седнаа на како што беше кажано на Македонска земја со мети на грбот и му покажаа на како што рекоа провокаторите дека е ова е мирен протест и дека не сакаат и не прифаќаат насилство. Пред присутните се обрати актерот Сашо Тасевски. На политичарите им порача дека ако потпишат нема да бидат поголеми Европјани. Ги нарече робови на Софија и Брисел.

– НЕ за бугарски шовинистрички антимакедонски помии, кои ги прошверцуваа во разни европски француски предлози и договори кои треба да го однесат македонскиот народ по патот на обезличувањето, а можеби и исчезнувањетоОд Македонец Бугарин не бива и во најлошиот кошмар, порача Тасевски.

Тој ѝ се обрати и на власта и ѝ порача дека ако потпишат, ќе ги изгубат и парите и Македонија. На Европа ѝ порача да се засрами и дека нема да се продадеме.

-Таче, Заев, Маричиќ можете да потпишете секакво предавство, но тоа нема да ве направи поголеми европјани од нас, нема да ве направи ниту понапредни, ниту попаметни. Со тоа само ќе покажете ако потпишете дека сте изродени кукавици кои за пет пари плукнале врз сите залети на нашите прадедовци,. Продадени души кои повеќе никој не сака да ги прекупи. Робови на Софија и Брисел, ете тоа сте вие. Не сакате да бидете Македонци, не ни можете, но треба да знаете една работа Македонија не дава да биде продадена, ако ја продадете ќе ги изгубите и парите и Македонија, порача Тасевски.

фото: PRTSC