(ВИДЕО) Сериозно повредена жена во близина на аеродром во Скијатос

0
710

Несреќа се случи на аеродромот во Скијатос каде туристите и локалните жители се собираат да го гледаат полетувањето на авионите.

Туристката (61) сакала да го снима авионот додека полетува, но издувните гасови ја собориле и ја фрлиле во морето.

Како што може да се види на видеото, жената била на патот покрај морето, на само неколку метри од ѕидот и почетокот на пистата. Во моментот кога авионот полетал, таа ги кренала рацете, а не долго потоа воздушната сила од турбината ја фрлила неколку метри во морето.

 

makfax.com