Улитматум, НЕ благодарам: Продолжуваме помасовно и побројно против отворената бугаризација, повикуваме да се развиорат македонските знамиња на балконите и прозорците

Денес продолжуваме помасовно и побројно против отворената бугаризација и асимилација. Да се обединиме под македонското знаеме. Повикуваме секое семејство на својот балкон или прозорец да го развиори македонското знаме, велат од „Улитматум, НЕ благодарам“.

-Денес продолжуваме со протестен марш. Во 19 часот пред Влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека Уставот не е тоалетна хартија, па се до Собранието.

Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и Македонија.

Да кажеме НЕ на Ултиматумот, стои во нивната покана за протест.

извор: „Улитматум, НЕ благодарам“