Македонците од дијаспората ,,НЕ,, за бугаризација на Македонија

0
395

Сите Македонци од дијаспората, коишто живеат и работат надвор од Македонија, исто како и македоците резиденти на Македонија, се изјаснија против францускиот предлог за преговори за влез во ЕУ на Република Македонија. Тие покажуваќји солидарност и поддршка го оправдуваат револтот на македонскиот народ изразен преку протестите.
Левица Дијаспора смета дека не треба да сме некакви си експерти за да разбереме што Бугарија бара од нас за да станеме членка на ЕУ и дека францускиот предлог не е никаква гаранција дека Бугарија нема да диктира и бара понатамошни промени во јазикот и идентитетот на македонскиот народ. Преговорите со Бугарија треба итно да престанат, затоа што за барањата какви Бугарија ги има, не се преговара а уште помалку се прави отстапки и компромиси.
Затоа дијаспората се обедини со едногласна порака и транспаренти од Македонци насекаде низ светот, да испрати порака до македонскиот врв дека ние не преговараме со ФАШИСТИ и дека Македонија не е на распродажба на ЕУ – пазарот.
Или слушнете го народот или поднесете си оставка!
Левица Дијаспора