За да го „турнете“ месецот ви требаат речиси 40 илјади денари

Речиси 40 илјади денари му се потребни на едно четиричлено семејство за да ги набави основните производи во месецот и да плати сметки. Најновата пресметка на ССМ покажува дека вредноста на потрошувачката минимална кошничка за една година е поскапа за 5.500 денари. Извештајот на синдикалците покажува дека порастот на трошоците се должи пред сè на зголемените цени на храната. Од јуни лани до истиот месец годинава сметката за набавка на најнеопходните прехранбени производи е зголемена за над 3.000 денари. За 1.000 денари во просек се зголемени трошоците за подмирување на комуналните сметки во домот, објави Алсат.

Текстот во целост на: Алсат.