АЕК на јавен состанок ќе додели одобренија за 5Г

0
302

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска на јавен состанок ќе додели одобренија за петтата мобилна генерација 5Г.

На агендата на првиот јавен состанок на АЕК годинава покрај воведувањето на 5Г во државава, се и теми за роамингот во Западен Балкан и напорите за обезбедување поевтин роаминг со ЕУ, сајбер безбедноста како и за заштита на правата на крајните корисници на електронски комуникациски услуги.

Според одлуката на АЕК претходно ја утврди најниската висина на еднократниот надомест и начинот на плаќање за добивање одобрение за користење радиофрекфенции од радиофрекфенциксите опсези 700 MHz И 3.x GHZ. Еднократниот надомест за одобренијата А2 и А3 изнесува 5,25 милиони евра, а по 2,9 милиони евра за Б2 и Б3. По 10,8 илјади евра е надоместот за одобренијата Б41, по 5,4 илијади евра за Б44 и Б45, а по 6,3 илјади евра за Б46.

 

МИА