(ЖИВО) Осми ден протест против францускиот предлог – „НЕ“ за францускиот предлог

0
542

Народот масовно вели НЕ за бугаризација, владата да се откаже од намерите за прифаќање на предлогот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Секој ден се повеќе народ излегува на улиците во Скопје во знак на протест против намерата на власта да го прифати предлогот за бугаризација на државата, со кој се негира јазикот, идентитетот и историјата.

Академската заедница, новинарите, колумнистите, целото општество ја гледа штетноста на предлогот кој Ковачевски сака да го прифати, а со кој не добиваме преговори, туку само сликање, и и се дава можност на Бугарија за многу блокади во иднина, се до целосна асимилација на народот.

Ваквиот предлог мора да биде отфрлен. Затоа што народот тоа го бара. И вечерва да излеземе во 19 часот и да кажеме УЛТИМАТУМ, НЕ БЛАГОДАРАМ! – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

фото: Архива