„Ултиматум, „НЕ“ благодарам“, денес ќе се маршира и за суспендираниот Дабиќ, единствениот во МНР кој јавно се спротивстави на бугаризацијата

Го кријат протоколот затоа што со него се распродава Македонија. Полицијата пишува пријави против граѓани кои блокираат раскрсници. Владата врши предавство, а дефокусира со потпалување на етнички тензии. Зоран Дабиќ претседателот на македонскиот дипломатски синдикат кој се обрати пред Собранието и кажа дека предлогот е фијаско на дипломатијата на Бујар Османи, беше експресно суспендиран од работа по теркот на манирите во Северна Кореја, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, додаваат, денес ќе протестираме и пред МНР, а собирното место е Влада во 19 часот, преку Мавровка до МНР, по што протестот ќе заврши пред Собранието.

Апелираме на мирно и достоинствено протестирање. Апел и до Оливер Спасовски и МВР да се откаже од создавање на тензии, и да обезбеди протоколи за достоинствено и мирно протестирање. Масовно и во голем број да покажеме дека одговорот на ултиматумот, ќе биде НЕ благодарам!, велат оттаму.

Почеток, пред Влада во 19 часот!

извор и фото: Организатори на „Ултиматум, „НЕ“ благодарам“