Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска оствари телефонски разговор со својот грчки колега, Никос Дендијас посветен на состојбата со потрагата по исчезнатото момче од земјава.
Османи, за време на разговорот, замоли да продолжи потрагата и покрај изминување на редовниот рок, при што беше информиран од својот колега дека е донесена одлука со која се продолжува потрагата по исчезнатиот.
За време на разговорот, шефот на македонската дипломатија упати благодарност за трудот и пожртвуваноста на грчката крајбрежна служба, военото воздухопловство и локалното население, вклучени во потрагата.
Разговорот следуваше по формалното упатување на нота до Министерството за надворешни работи на Грција со молба за продолжување на потрагата, иако денес изминува рокот до кога се организираат ваквиот тип на потраги.
republika.mk