Македонски народе излезете, зачувајте го нашиот јазик и идентитет – порачаа граѓаните на денешниот протест

Под мотото „Ултиматум, не благодарам“ вечерва пред Владата продолжија протестите против францускиот предлог.

Учесниците предводени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица со македонски знамиња и транспаренти од Владата се упатија кон Министерството за надворешни работи, а крајна дестинација е Собранието. И вечерва граѓаните порачаа Владата да каже НЕ на францускиот предлог!

Протестите се одржуваат секој ден во 19 часот, освен во петокот, кога незадоволството беше искажано преку блокади во Скопје и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

 

republika.mk