Фатени крадци при кражба на предмети во фабрика во Прилеп

На 12.07.2022 во 12.20 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ќ.Ш.(40) и Р.А.(43), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при кражба на предмети од фабрика на ул.„Александар Македонски”.

Одземените предмети биле вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против двајцата ќе следува соодветна пријава.

Извор: МВР