Светски ценетиот македонски кларинетист од Велес, Благој Ламњов, на своите пријатели од светот им порачува: „Пазете како гласате кај вас дома, и вам да не ви дојдат корумпирани криминалци кои ќе ви ја продаваат државата“.
-Сакам целиот свет да знае дека владата на мојата татковина Македонија ја продава нашата земја, нашиот јазик, нашата нација, на бугарската влада. Сосема исто како што неодамна го продадоа нашето име на грчката влада.
Она што боли е дека остатокот од Европа е ок со тоа што овие држави ја негираат Македопнија додека истовремено не е ок кога Русија ја негира Украина.
Постојат потврдени факти дека нашата нација е е постара, нашиот јазик е постар, од каде доаѓа кирилицата итн.
Оваа глупост што ја прават Бугарите и корумпираната македонска влада ќе направи проблеми насекаде, не само кај во мојата Македонија.
Затоа на сите мои пријатели од целиот свет сакам да им порачам: Внимавајте кого го гласате кај вас. Ова може да се случи и кај вас, ако гласате за криминалци, националисти и корумпирани милијардери. Тие прават бељи во своите држави по целиот свет.
Благој Ламњов
п.с. Срце ми се кине кога ќе ја видам страшната пропаганда преку Википедија каде познати Македонци (поети, писатели, музичари) кои се бореле против фашистичка Бугарија во Втората светска војна, сега се претставуваат како бугарски поети, музичари… – пишува Ламњов.