Јанчев: Сега најубаво се гледа зошто предизборните коалиции мора да се забранат

Фејсбук статус на Саше Јанчев – советник во Општина Гевгелија од Политичката Партија Левица

Сега најубаво се гледа зошто предизборните коалиции мора да се забранат.

Ликови ко Павле, Милевски, Морачанин и нивните партии ДС, ДОМ, ЛДП сами не можат да соберат ни четири илјади гласа, а за пратеник им треба околу осум, благодарение на предизборните коалиции влегуваат во Собрание и после ни менат име, гласат за Преспански, за Договор за “добрососедство”, за “француски” предлог.

Во чие име? Кој ги гласал?

Прво се оди самостојно на избори, па после тие што ќе бидат избрани прават постизборни коалиции врз основа на број на освоени мандати и врз основа на програмски определби.

А вака си прават предизборни коалиции, се лепат на големите партии, големиве ги ставаат на по некое високо место на листа за да можат да влезат во совети, во Собрание, да станат министри, а за возврат они гласаат по диктат на големите и притоа влечат потези кои влијаат врз илјадници судбини.

Така не бива.

извор: ФБ Саше Јанчев

фото: Антропол