Шпанец екологист со пешачење ќе стигне до Катар за да го гледа Светското првенство во фудбал

Сантјаго Санчез Когедор (41), кој тргна пешки од својата земја Шпанија за да ги следи фудбалските натпревари на Светското првенство во Катар 2022 година, пристигна во Турција поминувајќи 3.000 километри за шест месеци, пишува Агенција Анадолија (АА).

Санчез Когедор тргна од градот Алкала де Енарес каде што живееше, на почетокот на годината, со две цели, да привлече внимание на загадувањето на животната средина во светот и да го гледа Светското фудбалско првенство ФИФА 2022.

Патникот екологист помина низ Франција, Италија, Словенија, Албанија, Босна и Херцеговина и Грција. Когедор досега за приближно шест месеци испешачи 3.000 километри. Влезе во Турција преку граничниот премин „Пазаркуле“.

За време на неговото патување до пристигнувањето во Едрене износи три пара чевли.

Тој од турскиот град Мардин ќе влезе во Ирак. Откако ќе го помине Кувајт, планира во средината на ноември да стигне во Катар.

Шпанскиот љубител на фудбал ја чисти и животната средина по рутата низ која минува. На местата кои се небезбедни, Когедор патува со јавен превоз.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).