Хана Хуљиќ денеска роди девојче во породилиштето во Сплит, објавија хрватските медиуми. Како што беше претходно познато, пејачката требаше да се породи на 23 јули, но бебето пристигна порано, Хана се породила со царски рез.
Ова е прво дете за неа и музичарот Петар Грашо. Неодамна се шпекулираше дека двојката планира да го крсти девојчето Алба, но името на бебето се уште не е потврдено.
Инаку Петар Грашо синоќа имаше концерт во Охрид. Очигледно среќниот татко веднаш замина кај своето семејство.
фото: Архива