МОН: Започнува реконструкција на осум основни училишта

Министерството за образование и наука продолжува со инвестициите во образовната инфраструктура, а кои значат унапредување на условите за едукација на младите и на условите за работа на наставниот и стручниот кадар. Ова е компонента на образовниот систем на чија модернизација ќе се стави фокусот и во следниот период, затоа што условите во училиштата во голема мера влијаат на мотивацијата за постигнување подобри резултати.

Согласно планот, во период кој следи, ќе се реконструираат основните училишта „Дитурија“ во Сарај, „Братство единство“ (Пенестриа) во Дебар, „Јашар Беј“ во скопската општина Чаир, „Гоце Делчев” во струмичкото село Вељуса, „Страшо Пинџур“ во село Јосифово, Валандово, како и основното училиште „Перпарими“во гостиварско Чергане, основното училиште „Сабедин Бајрами“ село Камење во Боговиње и ООУ„11 октомври“ во Куманово.

МОН неуморно продожува да работи на подобрување на образовниот систем, бидејќи нашата држава заслужува квалитетно образование и задоволни млади.

извор: МОН
фото: АРХИВА