Трагична вест за македонскиот фудбал, почина Ѓорѓе Џонов

0
358

Почина Ѓорѓе Џонов, поранешен фудбалер на Силекс, Металург, Беласица и Кожуф. 30-ет годишниот фудбалер подолго време се бореше со рак на белите дробови и му беше потребен медицински третман и операција во Турција.
Голем број фудбалски работници, играчи и клубови апелираа за помош и собираа средства за операцијата. Сепак, денеска стигна трагична вест, која ги погоди неговите најблиски, пријателите, соиграчите и целата македонска фудбалска јавност.
Џонов е роден во Пирава, долги години беше дел од македонскиот прволигашки фудбал, оставајќи силна трага зад себе во клубовите за кои настапуваше.
-информираат од Фудбалската репрезентација на Македонија.