На Брена и беше врачена специјална награда – клучевите на градот Берзаска во Романија, со што таа стана почесен граѓанин на овој град.
-Вечерва ќе одржам спектакуларен концерт и морам да кажам дека сето тоа ме потсетува на старата 1984 година кога луѓето фрлаа по мене цвеќе каде и да одев. Тогаш владееше семејството Чаушеску и народот живееше многу тешко, а јас им го дадов тоа што можев – мојата песна и љубов, напиша Брена на својот Фејсбук профил.
Инаку, Лепа Брена има малку необична случка поврзана точно со Романија. Малкумина се сеќаваат на хаосот што пејачката го направи во Романија пред 40 години, поради што ѝ забранија да пее таму!
Брена во 1984 година пееше во Темишвар, а нејзиното доаѓање предизвика тотален колапс во овој град. Во еден момент, додека траеше концертот, се појавија тенкови околу стадионот, но Брена помислила дека се останати од периодот на Втората светска војна.
Дури подоцна пејачката дознала дека тогашниот претседател Чаушеску морал да ангажира тенкови, војска и полиција за да спречи хаос, бидејќи нејзиното доаѓање предизвикало општа мешаница кај граѓаните. По ова на Лепа Брена одреден период ѝ беше забрането да одржува концерти во Романија за народот да не биде во опасност бидејќи по неа владеело толкаво лудило.
фото: ФБ Лепа Брена
NEWS1.RS: Брена стана почесен граѓанин на Берзаска