Музичката двојка Петар Грашо (46) и Хана Хуљиќ (31) во неделата ја добија ќерката Алба. Таткото на Хана, хитмејкерот Тончи Хуљиќ (60) за Вечерњи лист раскажа како поминало породувањето и откри дека најголемата прослава допрва следи.
– Се помина добро, Хана беше многу присебна и храбра, повторно покажа дека жените добро се справуваат со себе во вакви ситуации, додека ние мажите сме малку изгубени – рекол гордиот дедо.
Терминот за породување на Хана, како што претходно беше потврдено, бил 23 јули, но девојчето одлучило да се породи предвреме. Хана во сплитската болница пристигнала на 17 јули наутро, а се породила доцна попладне.
Алба е родена со царски рез, а Тончи од Станиќ допатува во Сплит за да биде со ќерката и зетот. Додека Хана родила, Грашо бил на аеродромот во Загреб затоа што штотуку се вратил од Северна Македонија. Влегол во автомобилот и побрзал кон Сплит.
– Прославивме само како семејство, но планираме да направиме голема забава за сите наши пријатели и најблиски да ја прослават и свадбата и раѓањето на бебето. Ние не сме семејство на големи прослави, но ова е нешто што нашите срца навистина го посакуваат – изјави Хуљиќ.
24sata.hr