Европската централна банка ги зголемува каматните стапки

0
227

Креаторите на политиката на ЕЦБ ќе разговараат за зголемување на каматните стапки за 25 или 50 поени на нивниот состанок во четврток за да ја скротат рекордно високата инфлација, изјавија за Ројтерс два извори со директно знаење на дискусијата. Изворите, кои сакаа да останат анонимни, бидејќи размислувањата се приватни, рекоа дека креаторите на политиката, исто така, бараат договор за обезбедување помош на задолжените земји како Италија на пазарот на обврзници доколку се држат до правилата на Европската комисија за реформи и буџетска дисциплина, објави pari.com.mk.

Тие ги вклучуваат целите поставени од Комисијата за обезбедување пари од фондот за закрепнување и отпорност на Европската унија, како и од Пактот за стабилност и раст, кога ќе биде вратен следната година по паузата од пандемијата, велат изворите. Портпаролот на ЕЦБ одби да коментира, наведувајќи ја како причнина периодот на мирување на банката. ЕЦБ рече дека само постепено ќе ги зголеми каматните стапки и најверојатно за 25 базични поени во јули, одложувајќи поголем потег за септември.

Но, шефицата на ЕЦБ Кристин Лагард во говорот во јуни рече дека има „јасно услови во кои постепеноста не би била соодветна“. Одредувачите на стапки со недели разговараа за условите што треба да ги исполнат земјите за да се квалификуваат за нова шема за купување обврзници, чија цел е да ги ограничат нивните трошоци за задолжување кога се смета дека не се синхронизирани со економската реалност, велат изворите.

Текстот во целост на: pari.com.mk.

фото: Архива