Регистрирана рекордна инфлација во еврозоната во јуни

0
218

Годишната инфлација во еврозоната во јуни достигна 8,6 отсто поради растот на цените на енергенсите, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Евростат ги објави податоците од годишната инфлација за јуни во Европската Унија (ЕУ) и еврозоната.

Според тоа, инфлацијата во еврозоната во јуни се зголеми на 8,6 отсто, додека во мај изнесуваше 8,1 отсто.

Инфлацијата во ЕУ во јуни изнесува 8,8 отсто, додека во мај изнесуваше 9,6 отсто.

Инфлацијата во еврозоната во јуни минатата година изнесуваше 1,9 отсто, додека во ЕУ во истиот период изнесуваше 2,2 отсто.

Од 1997 година се врши регистрација на инфлацијата во еврозоната. Инфлацијата во јуни оваа година е највисоката инфлација регистрирана во последните 25 години од страна на Евростат.

Инфлацијата во јуни во Германија изнесуваше 8,2 отсто, во Франција 6,5 отсто, во Шпанија 10 отсто, во Италија 8,5 отсто, во Белгија 10,5 отсто, во Бугарија 14,8 отсто, во Чешка 16,6 отсто, во Латвија 19,2 отсто, во Литванија 20,5 отсто и во Естонија 22 отсто.

Извир: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).