Туристи кои уживале во огнени коктели на Хвар се стекнале со тешки изгореници

0
329

Додека двајцата туристи уживале во огнени коктели на Хвар се стекнале со тешки изгореници, објави „24 сата.хр“. Едно лице ги повредило двете раце, додека друго се здобило со изгореници на 25 отсто од телото.

Полициските службеници на Сплитско-далматинската управа добиле известување за несекојдневен инцидент, во кој биле повредени маж и жена. Како што соопштија, тие двајца се повредиле во ресторан на Хвар додека пиеле огнени коктели. Жената ги повредила двете раце, а мажот се здобил со изгореници на 25 отсто од телото.

Мажот е задржан на понатамошно лекување, но според болницата не е во животна опасност. Жената се здобила со полесни повреди и по прегледот била пуштена од болница.

извор: „24 сата.хр“